Се појави ВИДЕО: Седум лица загинаа во сообраќaјка во близина на границата со Србија

3498

Според романските медиуми, на само околу 80 километри од границата со Србија, во близина на Темишвар, се случи голема сообраќајна несреќа во која загинаa седум навивачи на ПАОК.

Грците беа на пат кон натпреварот од Лигата на Европа што нивниот тим го игра против Лион во Франција во четврток.

Како што може да се види на видеото, комбе со навивачи на ПАОК престигнало возило, а потоа без јасни знаци се префрлило во спротивната лента од камионот.

На интернет кружи ужасно видео, кое го прикажува моментот на судирот и како комбето буквално се распаѓа за секунда.

Тројца навивачи ја преживеале несреќата. По несреќата се појави и видео, на кое се гледа комбето покрај автопатот, кое е непрепознатливо, а полицијата и брзата помош веднаш излегоа на местото на несреќата.

Претходна вестШвајцарија и светот во шок: Велат дека виновен за пожарот е мртвата келнерка
Следна вестОнесвестена, во локва крв и со пукнат нос: Исповед на Ангела за борбата со зависноста