„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка

254

Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.

„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.

Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.

„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.

претходниот член,БОМБА: Села оди со Ахмети – ЕВЕ колку пратеници ќе добие, познати и имињата
Следната статијаАко ве запре сообраќајна полиција, на ова прашање секогаш одговарајте со „НЕ“