Се огласи и Артан Груби: Не избегав, приватно сум во друга држава – ќе се вратам

5399

Откако дел од медиумите пренесоа вест за можно бегство на Артан Груби од државата, се огласи и самиот тој преку социјланите мрежи.

-Почитувани, денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш што ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство, напиша Груби.

Претходно новинарот Зоран Божиновски објави:

-Во моментот кога граничната полиција се обидела да го запре на граница откако неговото име било ставено на СТОП ЛИСТАТА, откако дознале за тоа автомобилот во кој се возел Артан Груби избегнал контрола и брзо се оддалечил. Полицијата веќе започна истрага за овој настан и ги засили патролите на граничниот премин Блаце.

Претходна вестАртан Груби избегал на Косово? На граничниот премин Блацe и побегнал на полицијата!?
Следна вестФункционер од ДУИ ја пробил акцијата на МВР – им дојавил на криминалците што подготвува полицијата, јавува Плусинфо