СЕ ОД ПОЧЕТОК: Пак ќе му се суди на Боки 13 – ова се деталите

255

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот „Меѓународен сојуз“ во делот за кривичните дела Измама и Перење пари, каде што првостепено осуден беа осудени Бојан Јовановски – Боки 13 и уште две лица, соопштија од судот.

Во овој предмет, на 7 април 2022 година, Основниот кривичен суд Скопје неправосилно го осуди на казна затвор во траење од 9 години затвор шоуменот и бивш сопственик на телевизија Боки 13. Тој е правосилно осуден на 9 години затвор во предметот „Рекет“.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за „Меѓународен сојуз“ е потврдена од Апелација во делот за ослободителната пресуда за поранешната пратеничка Фросина Ременски.

Претходна вестИвана: Велосипедист удрил во мојата 85-годишна баба, која е слепа со едно око – во моментот е на итна операција
Следна вестГолема трагедија ја потресе Македонија: Возач загина, излетал од пат со „мерцедес“