Се чисти Македонија – и Мицкоски објави фотографии од чинот

269

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва ја најави започнувањето на големата акција за чистење на градот под името „72 часа чисто Скопје“. Ова е првиот голем чекор во исполнувањето на неговото ветување дека за само три дена Скопје ќе биде исчистено.

Акцијата предвидува интензивна работа на собирање на отпад, миење на улиците, плоштадот Македонија и кејот на реката Вардар. Тимови од јавните претпријатија ќе бидат распоредени низ сите делови на градот, со цел да се отстрани наталожениот ѓубре и нечистотија во рекордно време.

На почетокот на акцијата, со Ѓорѓиевски присутни беа и градоначалниците на Општина Аеродром, Дејан Митески, на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска, и на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кои ја поддржаа оваа заедничка иницијатива за почисто и поуредено Скопје.

„Скопје мора да биде чист, достоинствен и уреден град. Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно“, изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.

Граѓаните очекуваат дека оваа операција ќе биде само почеток на системско решение за чистотата во градот, а не само симболична акција со краткорочни резултати.

Претходна вестПо голема борба за својот живот по несреќата, за жал почина и младиот Никола
Следна вестОрце Ѓорѓиевски отстрани од работа 371 лице во Град Скопје