СДСМ: Владата повторно неспремна ќе ја дочека сезоната на пожарите

159

Откако минатата година изгоре речиси 10% од територијата на државата во шумските пожари, ова лето Владата повторно ќе биде неспремна. Цела година ВМРО-ДПМНЕ не најде време да се подготви, да ги сервисира воздухопловите, па новиот директор на ДЗС, Стојанче Ангелов, ја информираше јавноста дека ништо не е подготвено за заштита и навремена реакција при пожар, обвинија од СДСМ.

-Минатото лето Мицкоски ја обвинуваше СДСМ дека наводно начекале катастрофална состојба, иако нему за едно лето му изгореа повеќе шуми отколку во последните две децении. Го прашуваме: дали и оваа година повторно ќе биде СДСМ виновен за пожарите и за неподготвеноста на институциите?, се вели во соопштението.

Од СДСМ велат дека Владата демонстрира голема неспособност да се справи со проблемите на секое поле.

-Откако се искараа во Владата за функции и се распадна коалицијата, на прагот на летото Мицкоски допрва прави реорганизација на клучните институции кои треба да обезбедат заштита, а нема обезбедено ништо од опрема и капацитети за да се бори со евентуалните нови пожари. Освен тендери за фантомски фирми и бизнис, очигледно ништо друго не го интересира ВМРО ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Претходна вестМитева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни
Следна вестЕХФ шокира со својата одлука: Правна постапка за Алкалоид и АЕК