СДСМ со моќен кандидат оди на избори во Штип: Павел Иванов влегува во трката за градоначалник

989

Венко Филипче објави 19 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ за претстојните локални избори, меѓу нив и Павел Иванов од Штип, актуелен претседател на Општинската организација на СДСМ Штип.

Во Штип повторно ќе има неизсвесни локални избори, а Иванов ќе го предизвика актуелниот градоначалник Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој од неговата матична партија беше потврден дека повторно ќе биде кандидиран за градоначалничката позиција.

-На седница на Извршниот одбор на СДСМ, едногласно и со целосна поддршка претседателот на ОО СДСМ Штип Павел Иванов е избран за кандидат за градоначалник на Општина Штип. СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобриот кандидат за градоначалник, најдобрата кадровска понуда, со најдобрата програма и со најголема поддршка од граѓаните! Штип мора да продолжи по патот на развој, модернизација и напредок, а не стагнација и узурпирање на институциите од ненародната власт на ДПМНЕ, велат од СДСМ Штип.

Претходна вестИ градоначалникот на Кочани се приклучи на деветтиот Марш за ангелите
Следна вестКога работите и ја исполнувате програмата, тогаш успехот е сигурен: Томе Христоски повторно кандидат за градоначалник на Крушево