Сања Лукаревска не е сама, зад неа стои цел тим – направивме големи чекори, ќе направиме уште поголеми – порача Сања од студиото на ТВ Стар (ВИДЕО)

343

Сања Лукаревска ќе ја предводи Изборната единица 3 на претстојните избори од редовите на СДСМ и коалицијата.

Вечерва таа гостуваше во регионалната телевизија „Стар“, односно во емисијата „Што мисли народот“, каде зборуваше на повеќе теми.

На прашање од новинарот за работата во УЈП и дали се плаши од најавата на Мицкоски за ревизија односно дали е можен реваншизам, таа порача:

-Максимално се трудам, сум се трудела и ќе се трудам да работам максимално транспарентно. Дали може подобро да се сработи? Апсолутно да!, рече Лукаревска.

-Имам одличен тим за работа, сме направиле големи чекори, но ќе направиме и уште повеќе чекори. Ја имаме поддршката од Светска банка, меѓународен монетарен фонд и многу други институции. Сања Лукаревска не е сама во УЈП, туку цел тим стои зад тие успеси, заврши таа.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение:

Претходна вестВАЖНО ДА ЗНАЕТЕ: На двојните избори на 8 мај ќе може да се оди само еднаш на гласање
Следна вестВОНРЕДНО: Двајца приведени за убиството на лекарот од Железара, се вршат претреси