Русија за нападот во Москва ја обвини Украина: Веднаш да ни ги испорачаат ОВИЕ луѓе – и да платат оштета на жртвите

259

Русија побара од Украина да ги екстрадира сите поврзани со терористичките напади во Русија, вклучително и шефот на тајната служба СБУ, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на Министерството се наведува списокот на насилни инциденти што се случиле во Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, вклучително и бомбашки напади во кои загинаа ќерката на истакнат руски националист и воен блогер, како и инцидент во кој сериозно беше повреден писател.

Министерството истакна дека истрагите за овие инциденти покажале дека „трагите од овие злосторства водат во Украина“.

„Русија ги достави до украинските власти своите барања… за итно апсење и екстрадиција на сите поврзани со предметните терористички напади“, се вели во соопштението.

Меѓу бараните е и шефот на СБУ, Васил Маљук, кој призна дека неговата служба стои зад нападот на мостот на Крим.

„Руската страна бара режимот во Киев веднаш да ја прекине секаква поддршка за терористички активности, да ги екстрадира одговорните и да им плати отштета на жртвите“, се вели во соопштението.

„Кршењето на Украина на нејзините обврски од конвенциите за борба против тероризмот ќе резултира со тоа Украина да биде повикана на одговорност во меѓународна правна смисла“, се вели во соопштението.

Руското соопштение се однесува и на масакрот овој месец во концертната сала во близина на Москва во кој загинаа 144 лица, но само индиректно. Да потсетиме, одговорноста за тој напад ја презеде терористичката организација Исламска Држава, која нема никаква врска со Украина.

СБУ веднаш ги отфрли руските барања како „бесмислени“ и рече дека руското министерство „заборавило“ дека рускиот претседател Владимир Путин е предмет на меѓународна потерница за носење деца од Украина во Русија.

Барањата на Русија „звучат особено цинично со оглед на тоа што доаѓаат од терористичка држава… Затоа, какви било зборови од руското МНР се бесмислени“.

Претходна вестСега се е јасно: Чоколадото е добро за здравјето – еве што му прави на вашето тело
Следна вест(Видео) Исчезнатото двегодишно девојче од Бор е видено со две Романки во Виена !?