Рок-бендот “Меморија“ со троен ЛП-албум како вистински раритет

123

Како ексклузивитет се истакнува и тоа дека албумот е произведен во студиото DADAC–SONY во Австрија, а во издание на КЛС – продукцијата. Печатен е во лимитиран број на примероци, од кој речиси целиот тираж е распродаден. Тоа се оние некогашните популарно наречени “лонгплејки“ кои се слушаат исклучиво со помош на грамофон.

Гужва, гужва….вакви ни беа оние првите впечатоци од промоцијата на новиот ЛП-албум и новото ЦД на македонската рок-легенда групата “Меморија“. Медиумите и публиката покажаа исклучителна заинтересираност, па дојдоа во голем број. Всушност станува збор за троен албум кој настана како резултат од ланскиот концерт во скопската арена „Борис Трајковски“. По еден од најдобрите концертни спектакли во македонската рок историја, омилениот бенд на многу генерации реши целиот материјал да го издаде на носач на звук во вид на жив албум. И тоа во двоен формат – на ЛП плоча и на ЦД.

Кога е ЛП плочата во прашање, се работи за вистински уникат, каков што во Македонија никогаш од осамостојувањето го нема видено. Тоа е и вистински раритет дури и во историјата на екс-ЈУ музиката. Имено, „Меморија“ издадоа троен албум насловен: „Меморија 2024 Live“, сместен на три ЛП плочи. Тоа се оние некогашните популарно наречени “лонгплејки“ кои се слушаат исклучиво со помош на грамофон.И кои веројатно пак се враќаат во мода. Токму на тие “лонгплејки“ е ставена 21 песна бидејќи ЛП форматот толку максимално “собира“.

Затоа двојното ЦД содржи 25 песни од целиот концерт и во него се вклучени и изведбите на специјалните гости на концертот.

Претходна вестНема место за паника во Ферари
Следна вестСиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи