Родителите на починатите во Кочани во сабота излегуваат на марш: Сите медиуми да бидат присутни – да се дознае вистината

1796

Семејствата на починатите во пожарот во Кочани за утре најавија „Марш на ангелите“ на кој низ улиците на градот ќе бараат правда.

Како што известуваат тие маршот ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, МВР Кочани и Основниот суд во Кочани.

Тие најавуваат дека маршот се реализира за потсетување на институциите дека семејствата ќе продолжат да бараат правда.

„Семејствата ќе ја бараат правдата за нивните покојни деца се до поседен здив и бараат брза и непристрасна истрага и судска постапка“ велат тие во известувањето.

Како што се нагласува во известувањето доставено до полицијата се вели дека маршот на семејствата не е за поддршка на обезбедувањето, туку единствено и исклучиво за почит кон покојните и барање на правда.

Организаторите додадоа дека „Сакаме јасно да потенцираме дека ние сме согласни да се врши снимање на настанот со цел јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ќе се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент.

Претходна вестОбвинителството ја запре постапката против починатиот управител на “Пулс”
Следна вестАндрија (18) претепал до смрт: Потврдена оптужбата за убиство на тинејџер кој имал 17 години