Ритко со потресно сведоштво: Откри детали како го загубил братот, неговиот син го носи неговото име

325

Во емоционален разговор во живо, Ритко повторно се наврати на еден од најтешките моменти во својот живот – несреќата во која го загуби братот.

Тој објасни дека брат му се обидувал да ја изгради својата иднина во Прилеп, работејќи напорно и создавајќи семејство. Во тој период бил на третман со метадон, настојувајќи да започне нов, почист и постабилен живот.

Кобниот ден тргнале со камион за дрва, со намера да соберат материјал и да се вратат дома. Но при враќањето, камионот се превртел. Работниците успеале еден по еден да излезат.

Братот на Ритко излегол последен, скокајќи од камионот, но судбината била сурова. Паднал на тревната површина, но не успеал да ги избегне карпите што се наоѓале во близина. Ударот со главата во една од карпите бил кобен и тој веднаш подлегнал на повредите. Дрвата што се истуриле од камионот дополнително ја зголемиле трагедијата и не оставиле можност за спас.

Денес, во живото вклучување, Ритко ги покажа и фотографиите од својот брат, како и од својот син – малото момче кое го носи неговото име, како сеќавање и чест кон човекот што многу им значел.

Како што рече Ритко, тоа е неговиот начин да ја одржи жива приказната за брат му и да ја пренесе вистината за нивната голема семејна љубов.

Погледнете го видеото со клик ТУКА.

Претходна вестОЈО од судницата кажа: Пиротехниката ја запалил член од ДНК, но не биле вокалистите Панчо и Андреј
Следна вестТаткото на едно од загинатите деца од Кочани прашува: Со каква совест адвокатите ќе земат „крвави пари“?