Ристо Клинсман ја враќа социјалдемократијата во мода во Радовиш: Јас немам што да загубам, може да добие целата Општина

1028

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денес на прес-конференција објави 16 нови кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ. Меѓу нив се најде и Ристо Спасов – Клинсман, кој по овој повод, се огласи и на социјалните мрежи.

-Почитувани сограѓани ми претставува прво огромна одговорност, второ голема чест да ве известам за одлуката на СДСМ и Претседателот Венко Филипче токму јас да бидам кандидат за Градоначалник на нашиот Радовиш.

37 години 24 часови сум помеѓу вас, на 078438439 сум достапен секогаш за сите, без разлика на партиска, етничка, верска или било каква припадност.

Влегов во политиката многу млад со единствена цел да се ставам на располагање на сите.

Радовиш добива шанса да избере Градоначалник што го гледа секој ден, што го знае секое маало, секое населено место, што ги знае од терен проблемите што ги имаат граѓаните, Градоначалник што слуша и прима сугестии и што е НАЈВАЖНО Радовиш може да добие Човек што не должен на никому ништо.

Човек што никогаш не се јавил на тато, чичо, вујна да го туркаат во кариерата.

Јас немам што да загубам, може да добие целата Општина, напиша Спасов.

Претходна вестВиктор Велевски e кандидат за градоначалник на СДСМ за Кавадарци
Следна вестЛошата вест се прошири: Ѕвездата на Гранд доживеа сообраќајна несреќа – први фотографии од несреќата