Рекорден број учесници на „Вози право, вози здраво“, со порака за здрави животни навики

223

Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ vol.9.

Стопанска банка и оваа година совршено го организираше деветтото издание на омилениот настан на сите оние кои се грижат за животната средина и ја поддржуваат иницијативата за урбан вело транспорт. Преку промоција на здравите животни навики, но и едукација и развивање на вело-културата, околу 8.200 граѓани од сите возрасни категории повторно ја поддржаа мисијата на Стопанска банка и симболично извозеа неколку километри низ градските улици кои вчера беа ослободени од возила.

Претходна вестЗавршија преговорите Русија – Украина
Следна вестДКСК ќе покрене кривично гонење на јавно комунално претпријатие поради незаконски јавни набавки