Сестрата на починатата дизајнерка Фросина Кулакова се обрати со јавен апел до медиумите, дека има сознанија оти адвокатот на Васо Јованов, Сашо Дукоски, утре на прес конференција ќе прикаже вознемирувачка видео снимка, направена веднаш по трагедијата. Таа замоли видеото со починатата Фросина, да не се објавува како од страна на медиумите и да не се споделува од страна на јавноста.
Редакцијата на „Информа“ го има видеото од Васо Јованов од несреќата. Не го објавивме и нема да го објавиме од професионални и етички причини!
Сестрата на Фросина ги замоли медиумите да не го објавуваат видеото.
-Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски, на утрешната пресконференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…, пишува Росица Кулакова во објавата.