Раздор во ВМРО-ДПМНЕ Кочани: За директор поставен екс-член на СДСМ, сега член на ЗНАМ

567

Политичка драма се случува во Кочани, каде целиот град зборува за најновата директорска функција која ја доби Кирил Ковачев.

Од нашите извори од Кочани, дознаваме дека Ковачев бил голем активист на СДСМ и во време на владеење на оваа партија бил директор на Центарот за социјални работи во Кочани.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Кочани кој доаѓа од редовите на оваа партија, го поставија Ковачев за директор на комуналното претпријатие „Водовод“.

Како што коментираат познавачите на локалната политика во Кочани, оваа позиција Ковачев ја добил благодарение на ЗНАМ, партијата која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Па така, тој од СДСМ преминал во ЗНАМ, поради што добил директорска позиција.

Еден од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани, Васе Алексов напиша статус во кој вели дека градоначалникот од неговата партија ќе ја растури и самата партија.

-ДАЛИ ОТКАКО СДС НЕ УСПЕА КОНЕЧНО ЉУПЧО ПАПАЗОВ ЌЕ УСПЕЕ ДА ГО РАСТУРИ ВМРО ДПМНЕ ВО КОЧАНИ! ДАЛИ КОНЕЧНО СИ ГО ПОКАЖА ЛУКАВОТО И ЛУКРАТИВНО ЛИЦЕ!, пишува Васе.

Претходна вестВо сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Следна вестВесна од скопско: Замолувам ако може некое парче земја од 200-300 м2 за да може да изградам една-две собички