Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

25

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците.

-Јас исто така се обраќам до моќниците на светот повторувајќи го апелот: никогаш повеќе војна, рече папата Лав денес за време на традиционалната по-велигденска порака на плоштадот Св. Петар во Рим.

Говорејќи кратко по 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна, тој рече дека денешниот свет се соочува со “делчна Трета светска војна” — израз кој првпат го користел неговиот претходник папата Франциск.

Првпат по неговиот избор за папа минатата недела, Роберт Францис Превост се осврна на најголемите глобални конфликти – од руската инвазија на Украина до конфликтот во Газа.

-Во моето срце го носам страдањето на саканиот народ на Украина, рече папата Лав.

Тој повика на доготраен мир во Украина, ослободување на воените заробеници и враќање на депортираните украински деца на нивните семејства. Зборувајќи за конфликтот во Газа, папата Лав рече дека поддржува итнато примирје, хуманитарна помош за исцрпениот цивилен народ и ослободување на заложниците .

На крајот, тој го поздрави неодамнешнато примирје помеѓу Индија и Пакистан и повика на траен мир.

Претходна вестТешко повреден 66-годишен маж во несреќа во Кочани
Следна вестМицкоски: Наскоро скопјани ќе имаат можност да се возат со градски воз