Први вести од лице место: Познат идентитетот на трите загинати лица на автопатот Тетово-Скопје

2986

МВР излезе со прв официјален извештај, во врска со сообраќајната несреќа која ја потресе цела држава.

Денес (31.07) во 15:45 часот, во Полициската станица Тетово, пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје на раскрсницата „север“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.И. (59) од Тетово и автобус „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ш.Д. (62) од Тетово.

Во несреќата животот го загубиле возачот и сопатниците И.И. (55) и З.М. (71) од Тетово, додека сопатникот Р.И. од Тетово се здобил со телесни повреди и ќе биде задржан на набљудување во Клиничката болница Тетово.

На местото на настанот се врши увид, кој го преземаат Јавен обвинител и Увидна екипа од Полициската станица Тетово.

Претходна вестУжас, тага и болка на автопатот кон Скопје: Страотна несреќа во која животот го загубија 3 лица – едно дете е повредено
Следна вестЖивотот и висеше на конец: Младата Македонка ја победи тешката болест (ФОТО)