Прва изјава на Нетанјаху по нападот над Иран: Зборови кои ја заледуваат крвта

1163

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати силни предупредувања кон шиитското движење Хезболах, истакнувајќи дека Израел, во соработка со САД, ги зацврстува своите позиции на Блискиот Исток и нема да толерира агресија.

„Го дробиме терористичкиот режим во Иран. Ги удираме и ги поразуваме неговите сојузници – Хезболах во Либан“, изјави Нетанјаху на онлајн прес-конференција со израелските новинари, пренесе Тајмс оф Израел.

„Хезболах ја чувствува силата на нашата рака, а ќе ја почувствува уште повеќе. Ќе плати многу тешка цена за својата агресија“, предупреди премиерот.

„Преку невидено обединување на силите меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, постигнавме огромни достигнувања – достигнувања кои го менуваат балансот на моќта на Блискиот Исток, па дури и надвор од него“, додаде Нетанјаху.

Претходна вестВо родното место прстигна телото на Драган Лазиќ – крици и солзи ги потресоа сите
Следна вестЦената на нафтата повторно направи ШОК: Ваква цена не се памети од 2022 година