Вчера во 13:21 часот, во СВР Скопје било пријавено пронаоѓање на тело на починат маж на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром.
По преземените мерки и увид, било утврдено дека станува збор за Б.М. (63) од Скопје, кој на 27.10.2024 бил пријавен како исчезнат.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.
Истовремено, во 09:27 часот истиот ден, било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија,“ било пронајдено тело на починат маж.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а телото, по наредба на јавен обвинител, било предадено на обдукција.