Пронајден мртов чувар во поранешна фабрика – полицијата соопшти детали

2494

Вчера во 07:13 часот, во објект на поранешна фабрика на улицата „Карпалак“ во Прилеп, беше пријавено дека е пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж од Прилеп, кој работел како обезбедување во стражарската куќичка.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп.

Според првичните информации, на телото не биле забележани траги на насилство, а причините за смртта ќе бидат утврдени со понатамошна истрага.

Претходна вестДали е во ред тоа што го прават бензинските пумпи во државата?
Следна вестИран ја нападна Турција – со ракета, итно се огласија од НАТО