ПРИВЕДЕНИ таткото и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ, потрагата по телото продолжува

221

Полицијата во Бор ги приведе таткото и братот на Д.Д. од селото Злот, осомничена за убиство на двегодишната Данка Илиќ, неофицијално дознава „Еуроњуз Србија“.

Тие уште синоќа биле донесени во полициска станица и по извршениот разговор им е одредена мерка притвор до 48 часа.

За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Зајечар претходно денеска соопшти дека на осомничените за убиството на Данка Илиќ по сослушувањето им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Двајца осомничени Ј.С. (50) од село Лука и Д.Д. (50) од село Злот, синоќа биле спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар. Како што се наведува во соопштението, тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство. Осомничениот Д.Д. во целост го признал делото, додека С.Ј. се бранел со молчење.

Тие се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, а потоа се договориле да го фрлат телото на детето.

Како што јавува репортерот на „Еуроњуз Србија“ од терен, потрагата по телото на убиеното девојче продолжува, проверувајќи ги неколку локации во областа Бор.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги уапсија С.Ј. (50) и Д.Д. (50), поради сомневање дека ја убиле Данка.

Претходна вестЛукаревска: Најдобрата анкета ќе ја имаме прво на 24 април, а после на 8 мај
Следна вестМОНСТРУМИ: Братот и таткото на еден од осомничените глумеа дека се во шок – а тие помогнале да го пренесат телото