Приведен Сејдини

74

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, е лишен од слобода.

Сејдини е под сомнежи за злоупотреба на 700.000 евра европски средства.

Истрагата на МВР и ОЈО откри незаконско присвојување пари наменети за стадионот во Охрид преку фалсификуван договор со приватна фирма.

„По насоки на јавен обвинител, денеска е лишено од слобода едно лице за кое постојат сомненија дека сторило кривично дело Проневера во службата од член 354 и Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик.

Истрагата се однесува на злоупотреба на средства доделени од меѓународна спортска организација за градежни активности на стадион во Охрид“, соопштија од ОЈО Скопје.

Сејдини претходно доби и двегодишна забрана за работа во спортот поради утврдени неправилности при внатрешна ревизија во федерацијата.

Претходна вестГолема вест за пензионерите: Се најавуваат 50% повисоки пензии!