Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознава „Фокус“.
Како што дознава „Фокус“, Деспотовски е уапсен од страна на Управата за финансиска полиција.
Според нивните информации, тој е приведен поради проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.
Изворите на Фокус тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата, чие име и е познато на редакцијата на “Фокус”, а за него најверојатно ќе се бараат мерки на претпазливост.
Извор: ФОКУС