Пред да ја убие Вања, Палчо ја прашувал за нивните станови и имот – Палевски осомничен за уште едно сомнително исчезнување

272

Македонската јавност се уште ја чека екстрадија на Љупчо Палевски Палчо од Турција во Македонија. Тој е првоосомничен за двојносто убиство кое ја шокира цела држава, но и регионот.

Неделникот „Фокус“ во новото издание пишува нови откритија поврзани со истрагата за двојното убиство, кое во меѓувреме се проширила и се истражуваат и други сомнителни исчезнувања во Скопје, со кои оваа група може да биде поврзана.

Станува збор за исчезнувањето на Роберт Плескоњиќ, кој исчезна на почетокот на 2022-ра година. На 15.01.2022 медиумите објавија вест дека Плескоњиќ е пријавен за исчезнат, а последните достапни информации говорат дека е виден на 5-ти јануари во околината на Новата железничка станица, место каде што и живеел.. Оттогаш му се губи секаква трага.

Исчезнувањето на Плескоњиќ доби друга димензија откако се дозна дека Палчо убил старец и девојче, бидејќи двајцата биле во контакт пред да го снема на почетокот на 2022 година. Нашите потврдени информации говорат дека тие одржувале комуникација, со тоа што информациите варираат во однос на тоа дали тоа била вообичаена куртоазна комуникација или пак имале одредени зделки.

Изворите блиски до „Фокус“ велат дека Плескоњиќ имал неколку должници на кои своевремено им позајмил пари, но тие не му ги вратиле. Затоа, според нив, тој барал човек што би можел да ги наплати тие долгови, а за возврат да задржи дел од нив. Токму во таа комбинација влегол Палчо, кој, покрај останатото, се занимавал и со наплата на долгови.

Во рамки на оваа сторија, „Фокус“ објави и нови информации во врска со убиствата на Панче и Вања. Имено, според информациите на „Фокус“, клучен момент за решавање на случајот се проверките на возилото на Панче откако тоа било опожарено, по што било доведено во корелација со Палевски и неговата дружина, па клопчето почнало да се одмотува. Пред да ја убие, тој ја испрашувал Вања во врска со станови што ги поседува нејзиното семејество.

Целата вест може да ја прочитате на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

претходниот член,Веста која ги потресе сите: Животот го загуби 18-годишниот Никола, додека повредени се Сара, Душан, Борис и Марко
Следната статијаПартијата „Десна“ го разреши Палевски – од денес имаат нов претседател и порачаа: Ќе одиме на избори – мора да победиме