Пратениците одлучија: Познато дали ќе има ДАНОК за порачки од Тему, Шеин, Али Eкспрес

448

Пратениците ги изгласаа измените со кои ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките до 22 евра за онлајн продавници од странство како Тему, Шеин, Али Eкспрес.

Овие нарачки до сега беа ослободени од давачки. За гласаа 59 пратеници, а 12 беа против. Ова практично ќе значи поскапување за нарачките до 22 евра кои до сега не се оданочуваа.

Заменик – министерот за финансии Николче Јанкуловски кажа дека целта е да се заштитат нашите мали трговци.

Рече дека ова ослободување веќе е укинато и во Србија и Црна Гора, а во Албанија е во процедура.

„Основна причина заради која се врши оваа измена е создавање на појасна правна рамка, спречување на злоупотреби, пофер и порамноправна положба на малите бизниси во Република Македонија со тие во странство при плаќање на ДДВ. Исто би посочил од 1 јули 2021 година Европската унија со директива, исто го воведе, односно го укина ова ослободување“, изјави Јанкуловски.

Претходна вестНевреме во Македонија: УХМР утрово со најнова вест
Следна вестНикола Станишиќ во Србија си ја отвори душата: Подобро ми е тука отколку дома