Позната причината поради која почина братот на еден од убијците на малата Данка

359

Далибор Драгијевиќ (50), брат на Дејан Драгијевиќ, обвинет за убиството на Данка Илиќ, почина синоќа во притвор во Бор.

– Како што неофицијално дознаваме, тој починал како последица на срцев удар, објавија српските медиуми.

Далибор Драгијевиќ е уапсен вчера, заедно со неговиот татко Радослав, под сомнение дека му помагале на својот брат Дејан да го премести телото на убиената Данка Илиќ.

МУП ја потврди смртта на Далибор Драгијевиќ.

– На Далибор Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт, објавија пред малку медиумите.

За настанот веднаш е известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое нареди обдукција во Институтот за судска медицина во Белград.

Претходна вестЛукаревска во друштво со ценети лекари од Велес: Здравствените работници го заслужуваат најдоброто – честит да е денот!
Следна вестСо специјалци уапсен е Фуркан Салиу – ова се деталите