Во полициската канцеларија во кичевското село Извор, вчера околу 12:40 часот е пријавено дека повредено е едно лице.
-При изведување градежни работи-растовар на песок од товарно возило, на автопатот во изградба Кичево-Охрид, во близина на селото Лавчни, со повреди се здобил Ш.Л.(48) од Индија, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Тој е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.