Потера низ Скопје по 26 годишна девојка – удрила полицаец со автомобилот бегајќи од претреси за дрога

321

Вистинска драма се одвивала при акција на полицијата за апсење на дилери на територијата на Скопје. По информација дека дилер оперира на подрачјето на Гази баба, полицијата го пресретнала неговото возило и пронашла дрога, хероин. За да се обезбедат докази извршиле и претреси на три локации за кои се сомневале дека се поврзани со дилерот.

На една од локациите полицијата затекнала две девојки кој одбивале да се легитимираат, а едната во обид да избега удрила полицаец со своето возило. Сепак полицијата успеала да го дознае нејзиниот идентитет. Се работи за 26 годишна девојка од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.

„ На 14.02.2024 на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога и полициски службеници од Единицата за недозвoлена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности и обезбедени докази, било дојдено до сознание дека лицето врши продажба на дрога, а вчера, при преглед во возилото кое го управувал, бил пронајден и одземен хероин.

Во врска со настанот, а со цел обезбедување дополнителни докази, врз основа на судска наредба бил извршени претреси на три локации во Скопје. При еден од претресите, исто така, на подрачјето на Гази Баба, полициските службеници затекнале две женски лица кои одбиле да се легитимираат. Една од нив со патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки го напуштила местото и притоа со возилото удрила еден од полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека се работи за лицето А.Ј.(26) од с.Орланци, општина Арачиново, која набргу била пронајдена и лишена од слобода.

По целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави по чл. 215 и 383 од КЗ.“ се вели во соопштението на МВР.

Претходна вестЈа загуби ќерката: Трагедија во домот на екс-градоначалникот на Битола
Следна вестБОМБА: Се враќа на голема врата – Шекеринска кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?