Метеоролог Славчо Попоски има голем број на фанови во Македонија, но веројатно поради тоа, има и одреден број на луѓе кои се негови хејтери.
Откако најавуваше дека ќе има голема количина снег низ државата, сето тоа од многумина наидуваше на потсмев, а работата отишла и подалеку, поради тоа што Славчо добил голем број на навреди на негова адреса.
Вечерва тој се огласи преку социјалните мрежи и порача:
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА: Сите вие знаете дека пред скоро време бев вознемируван и навредуван со најпогрдните зборови што може да постојат, јас само да ве информирам дека нема да помине така, односно, по сите големи Христијански празници, односно по Водици сите тие навреди упатени кон мене ќе одат на адвокат, по што ќе следат понатамошни судски постапки! Ви благодарам за разбирањето почитувани мои!