Познатиот македонски маратонец Игор Јакимовски пред неколку часа на социјалните мрежи објави фотографија со Милена Димитровска. Тој во својот статус вели:
Конечно после 7 месеци од кобниот 16_ти март ја пронајдов дамата херој од кочанската болница.
Од рано наутро до полноќ Милена во улога на медицинска сестра без ниту една пауза укажуваше прва помош на сите кои имаа неопходна потреба на лице место.
Смирено, професионално, пожртвувано, храбро, хумано и крајно стручно.
Јавно и оддавам почит и благодарност за се што направи во кочанската болница на 16ти март.
Почит до небо 🙏🙏🙏



