Попусто контроли на МВР низ Скопје – доцна вечерва нова сообраќајна несреќа

4470

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски соопшти дека во Скопје започнаа да се спроведуваат засилени контроли од страна на сообраќајната полиција. Еден од контролните пунктови во главниот град на државата. Тој рече дека фокусот е ставен на булеварите, бидејќи тие се „црните точки“ и места на најчести сообраќајни несреќи со човечки жртви.

Тошковски упати апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да ги почитуваат сообрачајните правила, да не возат со брзина над дозволената, да не минуваат на црвено ниту, пак, да забрзуваат на жолто светло на семафорот, да не возат под дејство на алкохол.

И додека полицијата и министерот се на терен, се случи нова сообраќајна несреќа во Скопје. Овојпат во Ѓорче Петров, за што сведочат и фотографиите кои ги добивме од нашите читатели. Се гледа дека има и материјална штета, а повеќе детали очекуваме во текот на денот.

Претходна вестНова голема трагедија: Загина уште еден пешак – македонските улици повеќе не се безбедни
Следна вестДојави за бомби во неколку основни училишта во Скопје