Попладнево во Скопје почина 40 годишната Адријана – лекарите ја прогласија за медицински феномен, но за жал не успеа

2480

По долго и тешко боледување попладнево во Скопје почина Адријана Дамњановиќ – Симеонова од Врање, објавија српските медиуми.

Младата жена чија борба со тешка болест го обедини целиот Балкан се чинеше дека успеа да ја победи болеста, лекарите ја прогласија за медицински феномен, но повторната појава на болеста не ѝ даде мир.

И покрај неверојатната борба, таа денес почина и зад себе ги остави неутешната ќерка, сопруг, мајка, брат и бројни роднини и пријатели.

Во овие тешки моменти, семејството сака да им се заблагодари на сите што помогнаа во лекувањето на Адријана во Атина со најсовремени методи. На сите што помогнаа на било каков начин, со донации, поддршка или зборови на поддршка.

Оваа млада жена ги обедини не само жителите на Врање, туку и целиот Балкан во борбата за собирање пари за нејзиното лекување, а нејзината насмевка беше мотивација за многумина да ја продолжат борбата.

Таа е родена и го поминала детството и раната младост во Врање. Се омажила и основала семејство во Скопје. Вечерва, овие два града се во солзи затоа што еден млад живот е згаснат прерано.

Претходна вест(ВИДЕО) Деца што пееја божикни песни избркани од познат трговски центар во Скопје
Следна вестПетар Георгиевски со тажна вест: Сабајлево во 6 и 15 престана да чука срцето на мајка ми