Половина град нема електрична енергија се и делови од Кисела Вода, Центар и Аеродром.
Особено е проблематично што температурите во Скопје се пониски во споредба со останатите денови, а се очекува дополнително да паѓаат со ноќта, а најголем дел од градот се загрева токму со електрична енергија.
На дефектот како што дознаваме ќе се работи во наредниот час, а овие делови од градот и натаму ќе бидат без електрична енергија.
Висок напон на 10-киловолтна линија предизвикува проблеми на повеќе трафостаници каде има испади на електрична енергија. Станува збор за посериозен проблем кој е во фаза на отстранување.
Црниче нема струја веќе половина час. Како е ситуација во другите населби!? Броевите за информации се зафатени…немаме претстава до кога ќе е вака…, стои во една од објавите