Лидерката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, пренесува ТВ21 повикувајќи се на партиски извори.
Засега не е познато дали ќе се приклучи на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.
Таа претходно истакна дека ќе останат во коалиција со СДСМ, но во Собранието ќе гласа независно.