Полицијата во Македонија на нозе: Исчезна 13-годишно девојче

647

На 23 октомври 2025 година, во 00:30 часот, во Полициската станица Кочани беше пријавено исчезнување на малолетна девојка.

М.Ф. (43) од Кочани пријави дека нејзината ќерка, М.Ф. (13), се оддалечила од домот и од тогаш се води како исчезнато лице.

Полицијата веднаш презема интензивни мерки за пронаоѓање на девојчето, вклучувајќи пребарување на терен,

контакти со блиските и социјални мрежи, со цел што побрзо да се обезбеди нејзината безбедност и враќање дома.

Јавноста е повикана да помогне со информации доколку имаат знаење за нејзината локација или било какви сознанија што би помогнале во истрагата.

При повеќе детали, навремено ќе бидете известени.

Претходна вестГерасимовски: Ги мобилизираме сите служби и ресурси во Општина Центар и на ПОЦ
Следна вестПолитичка бомба која ја раздрма Македонија: После изборите – Али Ахмети прави НЕОЧЕКУВАН потег, дали е можно?