Поделени мислења: Некои ја оправдуваат, но повеќемина ја критикуваат маската Исус и крстот од гајби – дали е претерано?

351

Поделени се мислењата за една од најкоментираните маски на Вевчанскиот карневал за 2024 година.

На истата се гледа како повеќе лица носат крстови, кои се направени од гајби за пиво.

Дел од јавноста ја поддржа маската и рече дека нема ништо лошо во тоа, но многу поголем број ја осуди истата.

Еден од најупатените во оваа работа е и новинарот Марјан Николовски, кој напиша:

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства.

Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението.

МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност.

Претходна вестСЕ ТРЕСЕШЕ И МАКЕДОНИЈА: Вечерва ретко кој ќе може да спие – силен земјотрес од 4,6 степени ги вознемири сите
Следна вестДлабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ – Бигорскиот манастир бара извинување за маската со Исус и крст од гајби