Почивај во мир: Стивeн Ивановски го загуби животот во трагедијата во Швајцарија

11770

Лоши, ужасни, тешки вести пристигнуваат од Швајцарија.

Стивен Ивановски е меѓу загинатите во големата трагедија која се случи на новогодишната ноќ во познатиот скијачки центар Кран-Монтана.

Неколку часа по несреќата, фамилијата и блиските пријатели на Ивановски споделуваа апел, во кој бараа било каква информација за 17-годишниот Стивен.

Во овој момент, неговите најблиски се опростуваат од Стивен со пораки и фотографии од него на социјалните мрежи.

Нашата редакција изразува сочувство до фамилијата, роднините и пријателите на Стивен Ивановски. Нека почива во мир.

Јавната обвинителка на регионот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека истрагата ќе се фокусира на материјалите што се користеле на локацијата, мерките за противпожарна безбедност во барот, неговиот капацитет и бројот на луѓе внатре во моментот на пожарот.

„Истрагата ќе утврди дали ќе бидат потребни обвиненија. Доколку е тоа случај и ако тие луѓе се живи, ќе биде отворена постапка против нив“, рече Пилу.

Еден од сопствениците на барот изјавил за локалните медиуми дека објектот бил прегледан од инспектори трипати во последните десет години и дека сè било според прописите.

Претходна вестОткриени први детали: Американската елитна единица „Делта Форс“ го киднапираше Мадуро – премногу се точни и прецизни
Следна вестЌе падне и до еден метар снег – Славчо Попоски со најнова вест