Почина познатиот македонски новинар

3057

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Тој долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција.

Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Нашата редакција изразува длабоко сочувство до семејството Томиќ.

Претходна вестВозачот кој ја усмрти Фросина до пред половина година бил во притвор
Следна вест„Партизанска“ црна точка – треба ли со протест да се решава дивеењето по улиците?