На социјалните мрежи, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој долги години е на високи позиции во СДСМ, се прости од својот сопартиец, поранешен пратеник Благојче Трпевски од Гостивар.
-Денеска нè напушти нашиот другар, вистински социјалдемократ и борец за правда, Благојче Трпевски.
Ќе го паметиме како чесен човек, принципиелен политичар и искрен другар кој секогаш стоеше на страната на народот. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат запаметени.
Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.
Нека му е вечна слава.




