Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП кој имаше несреќа кај Мавровка и плачеше обвинувајќи дека возат расипани автобуси

1495

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој излезе во јавноста по несреќата и кажа дека на терен возат неисправни автобуси.

Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.

Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење, дали автобусот бил исправен. До овој момент, нема информации какви се резултатите.

Претходна вестГолеми промени: Славчо Попоски со најава за тоа какво време не очекува во следните три дена
Следна вестТаравари се пофали: Буџетите се усвоени – од 4 општини ќе има пари за Албанската академија