По Струмица и водата во Берово не смее да се користи за пиење и готвење

1000

Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга – Берово.

Во соопштението до граѓаните, претпријатието го пренесува известувањето од Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово за решение донесено вчера.

– Се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово – водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење, сè додека не се доведе во безбедна состојба, односно може да се користи само како техничка вода. Исто така се наредува на ЈПКР „Услуга“ Берово да се изврши соодветна преработка за да може да се користи водата како вода за пиење, се вели во соопштението од АХВ.

Согласно наведеното Решение бр.26-772 од 12.11.2024 година, се известуваат граѓаните од Берово дека водата од водоснабдителната мрежа поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет во однос на физичко-хемиската анализа (зголемена концентрација на манган) во согласност со Правилникот за вода за пиење, не смее да се употребува за пиење и готвење.

Водата може да се користи исклучиво само како техничка вода“, пишува во соопштението.

претходниот член,Ова е резултат од рак и пневмонија – познатиот готвач на Канал 5, Антонио Јанковски моли за помош
Следната статијаТрагедија ја потресе Македонија: Во сообраќајна несреќа загина 18-годишник, додека 16-годишник е повреден