По Миле од Неготино се трагаше повеќе месеци – Неговата сестра ја објави тажната вест: Летај со ангелите

6222

Случајот со исчезнувањето на 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, по кого семејството и полицијата трагаа неколку месеци, доби тажна завршница.

Неговата сестра Марија денеска објави дека Миле е пронајден починат.

Во својата објава, таа со трепетни зборови се прости од братот, наведувајќи дека семејството ќе живее со непроценлива болка и празнина.

„Летај со ангелите, мило наше. Нашите срца ќе останат празни без твојот глас, љубов, добрина, насмевка… Болката е голема, но спомените за тебе ќе останат вечни во нашите срца. Почивај во мир и спокој“, напиша Марија.

Погребот ќе се одржи на 5 декември (петок), во периодот од 12 до 13 часот.

За линк до објавата кликнете ТУКА.

Претходна вестМакедонка порачала од Тему, кога стигнал производот се разочарала и решила да се пожали – одговорот од компанијата ги изненади сите
Следна вестТаткото и двете ќерки се во притвор, Јулијана е на слобода и порача: Ова не е против кравите, туку против нас