Планот на Господ бил уште едно бебенце да го испратиме во рајот, Шијакоска сподели тажна вест

11652

Александра Шијакоска сподели емотивна и тажна објава на социјалните мрежи, со која ја информира јавноста за тешката загуба низ која поминува нејзиното семејство.

Македонската инфлуенсерка пред неколку месеци откри дека е бремена со второто дете, а подоцна со сопругот со радост споделија дека очекуваат уште еден син. Денес, сепак, Шијакоска соопшти дека бременоста завршила трагично, посочувајќи дека „Бог имал поинаков план“.

„Планот на Господ бил уште едно бебенце да го испратиме во рајот. Да нè чува сите од таму горе и да ги чува сите мајки и бебенца што допрва треба да дојдат на овој свет“, напиша таа во објавата на Инстаграм.

Емотивна порака сподели и нејзиниот сопруг, кој се прости од нивното неродено дете со зборовите дека малиот брат на Риан отсега ќе ги чува од рајот. Објавите предизвикаа бројни пораки со поддршка и сочувство од следбениците.

Претходна вестМорбидно: Скелет на македонски државјанин исчезнат пред повеќе години – пронајден заѕидан во куќа во Белгија
Следна вестПочина наставничка од училиштето Никола Карев