Парите се веќе на вашите сметки, информира ресорното министерство

6867

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека исплатени се средствата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето.

претходниот член,Јанко цела зима загрева куќа од 230 квадрати за само 100 евра – еве што прави
Следната статијаШто се случува во Чаир? Вечерва ново пукање – има повредени