Ова ВИДЕО ја потресе цела Македонија: 12 ДЕЦА И 30 ВОЗРАСНИ СЕ ЗАТРУЛЕ СО ЧАД

694

Покрај цивилните лица, и еден пожарникар и еден полицаец се јавиле на лекарска помош поради вдишување на чад при гасењето на пожарот.

Во голем пожар кој избувна во скопски Чаир, повеќе од триесет лица побарале лекарска помош, а од кои повеќето се поради труење со чад.

Според директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, во текот на ноќта и утрово, на клиниката се обратиле околу триесет лица со типични симптоми на труење со чад. Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување, но четворица постари пациенти со потешка клиничка слика се задржани на болнички третман.

Исто така, и Детската клиника регистрирала значителен број на пациенти со дијагноза на труење со чад. Дванаесет деца, на возраст од пет месеци до единаесет години, биле донесени на клиниката. Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување по укажаната медицинска помош, додека две деца се задржани на понатамошно набљудување.

Покрај цивилните лица, и еден пожарникар и еден полицаец се јавиле на лекарска помош поради вдишување на чад при гасењето на пожарот.

Над стотина лица беа евакуирани од зградата во која избувна пожарот, а интервенцијата на пожарникарите сè уште е во тек.

Пожарот кој почна некаде околу 2 часот по полноќ е делимно под контрола информираат од скопската противпожарна единица. Велат дека имало многу густ чад кога пристигнале и со потешкотии ги евакуирале станарите кои пожарот ги фатил на спиење.

претходниот член,ДОЦНА ВЕЧЕРВА: Напади започнаа и на европско тло – на мета амбасада на ОВАА држава
Следната статијаВлатко Ѓорчев откри што го натерало да го напушти приватниот сектор и да стане национален координатор во Владата