Ова утро снег во Македонија

996

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопштија од ЈП Македонија пат.

Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Претходна вестНема да верувате: Познато како полицијата утврди дека Жарко го убил Климе
Следна вестФОТО: Што се случува на небото над Македонија?