Ова се мајката Марина (49) и ќерката Валентина (25) кои загинаа денеска во страотна сообраќајна несреќа

2093

Мајката Марина М. (49) и ќерката Валентина М. (25) загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес во близина на Шабац.

Несреќата се случила околу 14:30 часот, кај местото Корман Поље во близина на Шабац, а се сомнева дека несреќата се случила при престигнување .

Мајката и ќерката починале на самото место.

Настраданите мајка и ќерка биле во автомобилот „Голф 6“, додека повредените маж и жена биле во „Ауди“, и биле пренесени во болницата во Шабац.

Истрагата е во тек, а за случајот е известено Основното јавно обвинителство во Шабац.

Претходна вестВо тешка сообраќајна несреќа животот го загубија ќерка и мајка
Следна вестВтор земјотрес на 8-ми март во Македонија: Вечерва тлото повторно се тресеше