Ова се кандидатите кои би можеле да го наследат Покетино

166

Маурисио Покетино вечерва доби отказ од Челси. Двете страни се договориле да го раскинат договорот, само една сезона по преземање на кормилото.

Веќе се познати и неколку имиња за кои се шпекулира дека би можеле да бидат наследници на Аргентинецот. Некои од нив се очекувани, но има и такви кои се сосема неочкувани.

Прв на оваа листа е Роберто де Зерби доскорашниот тренер на Брајтон, кој ја напушта екипата. Исто така се појави името и на Винсент Компани, кој се поврзува, пак, со клупата на Баерн Минхен. Навивачите го посакуваат назад Томас Тухел, кој ќе биде слободен агент по заминвуањето од Баерн Минхен.

Сосема изненадување е појавувањето на името на Томас Франк од Брентфорд. Исто така се споменува и Мекена од Ипсвич, Мичел од Жирона, Хенес од Штутгарт и Мареска од Лестер.

Претходна вестПолска приведе девет лица осомничени дека се руски шпиони
Следна вестПејачот Амар Исмани е починатиот во пукањето на „Пластичарска“