Ова е девојката која синоќа брутално беше убиена во тоалет од угостителски објект

967

Откриен е и идентитетот на жената која беше брутално убиена во Мостар синоќа. Станува збор за Алдина Јахиќ од Калесија, објави порталот „Аваз“.

Мотивот за ова злосторство засега е непознат, а осомничен за убиството е Анис Калајџиќ, познат фудбалски судија и син на познатиот фудбалер на Вележ, Авдо Калајџиќ.

Несреќната Алдина наводно минатата година се преселила од Сараево во Мостар поради работа.

Таа бегала од Калајџиќ на автобуската станица, а за време на бегството, повикала полиција.

Подоцна се скрила во ресторан, каде Калајџиќ ја пронашол во тоалетот и ја убил.

После тоа, според неофицијални информации, се обидел да се самоубие, но пиштолот се заглавил.

Мотивот за овој брутален инцидент засега е непознат, а Калајџиќ е уапсен на местото на настанот.

Претходна вестОва е човекот кој ја уби својата поранешна партнерка – ја бркал кон кафулето и ладнокрвно ја убил
Следна вестДа се потсетиме на Ковид-19 : Првиот заболен беше регистриран на денешен ден пред шест години